Центарот за управување со кризи информира дека во населбата Маџари, кај црквата позади пругите, е пријавено лице кое гори кабли, при што се создава густ црн чад.

Оттаму додаваат дека противпожарната бригада и полицијата веќе се упатени кон местото на настанот.