Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со извршната директорка Душица Перишиќ, оствари средба со претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко и раководството.

„Разговаравме за реализирањето на законските обврски на општините во делот на обезбедување соодветни простории за општинските изборни комисии, навремено и непречено преземање на изборните дејствија, како и потребната техничка опременост и сите неопходни услови за нивната работа.  Дополнително, посветивме внимание и на обезбедувањето простор за примање, транспорт и чување на изборниот материјал. Се договоривме ЗЕЛС навремено да ги информира општините за преземање на сите потребни активности, со цел граѓаните непречено да го остварат своето право на глас“, истакнува Ѓоѓриевски.

Тој нагласува дека како претседател на ЗЕЛС, заедно со општините стојат целосно на располагање на ДИК.

– Нашата заедничка цел е успешно надминување на сите можни предизвици и обезбедување услови за фер, демократски и непречени локални избори, вели Ѓорѓиевски.