На вечерашниот телевизиски дуел меѓу кандидатите за градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица, дојде до жестока размена на зборови околу темата за дивоградби.
„Вие сте против дивоградби? Дали ревносно се борите? Да не имате ваша дивоградба?“, праша Ѓорѓиевски на тема дивоградби.
Амар Мециновиќ одговори „не“ и категорично демантираше дека неговиот татко има дивоградба. Сепак, Ѓорѓиевски го уништи Мециновиќ се слика.
„Исмет Мециновиќ во Скопје Север има деловен објект на државна парцела. На вашиот татко не е ли ова? Против ова се борите? Па што не го срушите ова ако се борите против дивоградби“, праша Ѓорѓиевски.
Мециновиќ рече дека апсоултно треба да се сруши ако тоа е дивоградба одбивајќи да даде директен одговор за дивоградбата која ја изградил неговиот татко.
Ѓорѓиевски заклучи дека Мециновиќ не може да зборува за борба против урбанистички прекршоци додека не расчисти со случајот во своето семејство.
