Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на фејсбук сподели видео од чистењето на градот во ноќните часови, упатувајќи порака до граѓаните дека само со заедничка одговорност може да се зачува градот чист и уреден.

– Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди. Само со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист и уреден. Да го чуваме градот убав, вели Ѓорѓиевски во објавата.