Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на владејачката партија, Орце Ѓорѓиевски, објави дека ја прифаќа поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ, во пресрет на вториот круг од локалните избори 2025 година.
-Почитувана јавност, драги скопјани, сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот против кандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија, објави Ѓорѓиевски.
„Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата. Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје. Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат“, потенцира Орце Ѓорѓиевски во објавата.