Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти на социјалните мрежи дека одржал средба со претставници на скопските угостителски објекти. На неа биле договорени конкретни чекори за подобрување на нивното работење и на урбаниот амбиент во градот.
Според Ѓорѓиевски, секој угостителски објект ќе треба да набави сопствени контејнери за отпад. Ќе добие посебен тарифник со јасни правила за негово одлагање и термин за собирање што ќе важи исклучиво за правните субјекти.
„Ако сакаме Скопје да биде чист, уреден и функционален град, мора да поставиме јасни правила и да работиме заедно“, наведе градоначалникот, додавајќи дека е избран и посебен советник за угостителите.
