Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека 456 онколошки пациенти во текот на наредните два дена ќе добијат парична помош.
„Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки“, истакна Ѓорѓиевски.
„Вкупно 1.200 пациенти побараа помош. Нивната документација се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите кои аплицираа ќе биде завршена во текот на наредната недела“, посочи градоначалникот.
Тој порача дека ова било јасна порака дека никој не е сам и дека и во најтешките денови, постои рака што ќе ги поддржи.
„Наша обврска е да бидеме покрај нашите сограѓани, не само со зборови, туку и со конкретна помош, грижа и човечност“, нагласи Ѓорѓиевски.
