На денешната свеченост организирана во Владата, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ги потпиша договорите за реализација на проекти кои претставуваат директна инвестиција во образованието, здравството, социјалниот и инфраструктурниот развој на општината.

– Овој потег е јасен сигнал за силна институционална поддршка што води кон забрзан развој на општините, еднаков напредок на сите региони и директно вложување во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Искрено им се заблагодарувам на Владата на Република Македонија, на премиерот Христијан Мицкоски, како и на Министерството за локална самоуправа, кое е координатор на целиот процес, за оваа важна и конкретна поддршка која ја добива нашата општина – изјави Ѓорѓиевски.

Средствата доделени денес, според градоначалникот, претставуваат значаен напредок не само за општината како административна целина, туку и за заедницата – семејствата и нивните секојдневни потреби.

Кисела Вода доби поддршка за 22 капитални проекти, кои не се само формални запишани планови, туку суштински решенија за реалните предизвици со кои се соочуваат жителите. Овие проекти опфаќаат инвестиции во здравствени, образовни, социјални и инфраструктурни области.

– Соработката помеѓу локалната и централната власт е конкретен пример за тоа како заеднички можеме да инвестираме во иднината. Во секое село, секоја населба, град и општина. Ова е рамномерен развој на дело, нешто што не се памети често, и претставува основа за стабилен, долгорочен напредок. Оваа поддршка е силен мотив за понатамошна работа и реализација на големи проекти кои ја менуваат сликата не само на Кисела Вода, туку и на целата држава – рече Ѓорѓиевски.

Проектите за кои се одобрени средства се:

1.Поликлиника на ГП 06.01, формирана со урбанистички план согласно член 63 од Законот за урбанистичко планирање.

2.Фекална канализација за населбата Бабин Дол, согласно урбанистички план за четврт Ј15.

3.Основен проект за реконструкција на објектот на месната заедница Драчево, КП 8411/1, КО Драчево 1.

4.Основен проект за реконструкција на објектот на месната заедница Пинтија, КП 6377, КО Кисела Вода 2.

5.Основен проект за доградба на спортска сала во ООУ „Кузман Шапкарев“, населено место Драчево, КП 8824, КО Драчево 1.

6.Основен проект за јавно улично осветлување на патот кон манастир Пеленица.

7.Атмосферска канализациона мрежа на дел од ул. Томе Арсовски од Шампионче со парк Бирарија на територија на Општина Кисела Вода;

8.Реконструкција на улица Жил Верн, општина Кисела Вода;

9.Реконструкција на улица 527, општина Кисела Вода;

10.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода- Опфат: Улица Иван Хаџиниколов со краци и улица Герника;

11.Основен проект за пешачки патеки со партерно уредување на просторот пред сала „Расадник“

12.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода -Опфат: Улица Речиште со краци;

13.Основен проект за Реконструкција на коритото на р.Мала Рада (Дното на коритото, довршување на венец на потпорни ѕидови и пешачка патека на насипот на р.Мала Рада);

14.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода – Опфат: Улица Саса со краци;

15.Основен проект за спортска сала (затворено спортско игралиште) – подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ – Припор и

16.Основен проект за реконструкција на Атмосферски канал (Црн Канал) од ул. Малешевска 1 до Мала Рада во КО Драчево 2, општина Кисела Вода.

17.Основен проект за Реконструкција на линиски објект – дел од локален пат од мост Драчево до Охис на територија на општина Кисела Вода;

18.Основен проект за реконструкција на улица Киро Фетак во дел кај мостот;

19. Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје и Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје (втор дел – адаптација и новопланиран партер);

20.Новопроектирана „Улица 2“ и паркинг простор во КО Кисела Вода 1 (позади ООУ “Кузман Јосифовски Питу”) на територија на Општина Кисела Вода;

21.Основен проект за Реконструкција на ул. Томе Арсовски во ДУП за локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода и

22.Основен проект за Реконструкција на ул. Фредерик Шопен во ДУП локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода.