Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во 20 часот ќе одржи обраќање на кое ќе информира за текот и резултатите од акцијата за чистење на градот, што завршува денес.
Акцијата, која Ѓорѓиевски ја најави уште во предизборната кампања, започна веднаш по преземањето на градоначалничката функција.
Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски денеска соопшти дека во неа биле вклучени повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила. Тој упати апел до граѓаните за одговорно однесување, нагласувајќи дека во иднина нема да се толерира несовесното одложување на отпад.
– „Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје. Да го чуваме Скопје,“ стои во неговата објава на Фејсбук.
