Се уште е активен пожарот во атарот на кривопаланечкото село Крстов Дол.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека опожарена е борова шума, а на терен интервенираат 5 пожарникари со 1 возило и 5 лица од ЈП Национални шуми подружница Осогово.

Пожарот започна вчера во попладневните часови.