Се уште гори кај Чучер Сандево. Од Центарот за управување со кризи известуваат дека денеска до 12:30 часот, има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои пет се активни и изгаснати се 4 пожари.
Активни се пожарите во: 
општина Дојран: село Николич (нискостеблеста шума)
општина Чучер Сандево: село Горњани (нискостеблеста шума)
општина Велес 1: кај селата Џидимирци и Крушје (мешана шума)
општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа и с.Слатина (деградирана дабова шума,грмушки и ниска вегетација)
општина Липково с. Отља (деградирана ниска вегетација).
Изгаснати се четири пожари:
Општина Прилеп: населба Три Багреми (ниска вегетација)
Општина Виница с. Драгобрашта ( деградирана ниска вегетација)
Општина Демир Капиија с. Војшанци (деградирана ниска вегетација)
Општина Струга с. Франгово (запалено стрниште).