Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука со која од полноќ се изврши ново поскапување на нафтените деривати.

Согласно одлуката на РКЕ, цената на бензините се зголеми за 1,50 денари, а дизелот поскапе за три денари.

За 2,50 денари поскапе и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар чини 105 денари. Се зголеми и цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 111,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 113,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм).