Вечерва по полноќ за половина денар поскапуваат дизел горивото, нафтата за домаќинствата, како и бензинот од 95 октани, додека цената на бензинот од 98 октани не се менува. Поскапува и мазутот.
Од 24.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 1,042 (денари/килограм)