Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот за 10,435%, кај екстра лесното масло за 8,138% и кај мазутот намалувањето е за 7,151%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,0313%.
Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,538 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,538 ден/кг.
