„Господ на помош и се ќе дојде на свое место“, со ваков опис Бојан Јовановски, алијас Боки 13 ја објави првата фотографија од слобода.

„Прво селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ на помош, прво и најважно здравје, а потоа се ќе си дојде на свое место“, пишува Боки 13.

Освен ова тој се заблагодари и на поддршката на сите кои му ја давале претходниот период.

Претходно, бизнисменот Бојан Јовановски беше е уапсен на граничниот премин „Богородица“, како дел од истрагата во обвинителството за организиран криминал и корупција.

Контроверзниот шоумен и бизнисмен вината ја имаше насочено кон Зоран и Вице Заеви. На едно од судењата во неговиот процес во јуни 2020 година тој категорично го истакна ова.

Ова е политичка одлука. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, рече Боки 13, по што судијката нареди да се изнесе од судницата, но кога полицајците го фатија за раце, Јовановски почна да зборува за притворот, па судијката го остави да се доискаже.