Во инцидентот синоќа во Гостивар, каде неколку вооружени и маскирани лица ограбија златарница во Гостивар, СВР Тетово изнесе детали.
Како што рече гласноговорникот Фатмир Реџепи, лицата одзеле околу 18 килограми злато во вредност од 1,8 милиони евра, пренесува ТВ21.
(ВИДЕО) ФИЛМСКА КРАЖБА ВО ГОСТИВАР: Маскирани разбојници ограбија златара и побегнаа со црн џип
Тој додаде дека автомобилот за кој се сомнева дека лицата го користеле, бил пронајден изгорен во Маврово и е испратен на увид.