Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници вчера околу 16 часот и 35 минути, на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, го лишиле од слобода Б. А. (49). При контрола во монтажна дрвена барака биле пронајдени околу 1.600 разновидни петарди и друга пиротехника.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ (член 396 од Кривичниот законик).