Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 44-годишен жител на гостиварското село Долна Бањица кој при вршење семејно насилство сторил кривично дело „телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот зкаоник“.

Како што информира Јавното обвинителство (ЈО), на 2 мај, по претходна вербална расправија преку мобилен телефон, обвинетиот во близина на гостиварската болница со автомобилот пресретнал жена со која бил во врска.

Жената се движела пеш и одбила да влезе во неговото возило, по што тој физички ја нападнал, ја влечел за коса и ја удирал со рацете по главата и лицето.

-Од ударите оштетената паднала на земја, па обвинетиот продолжил да ја удира со нога во пределот на стомакот и ребрата, нанесувајќи и повеќе телесни повреди, соопшти ЈО.