Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчеравечер (29 март) околу 22 часот и 10 минути го лишиле од слобода 39-годишниот гостиварец В.Л., соопштија оттаму.

Дваесетина минути пред тоа, тој бил пријавен од неговите родители дека физички ги нападнал, по што бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.