Дваесет и двегодишен гостиварец предизвикал сообраќајна несреќа, откако вчера во Гостивар, управувјќи „бмв“ удрил во пешак а потоа во ограда и куќа. Во несреќата пешакот и сопатникот се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренеси во Општата болница Гостивар.
„На 10.09.2023 во 18.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Е.М.(22) од с.Балиндол-гостиварско, удрило во Х.Н.(18) од Гостивар, а потоа во ограда и куќа на истата улица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и сопатникот од возилото В.Ќ.(28) од Гостивар, констатирани во Општата болница Гостивар“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.