Критики кон Венко Филипче за изјавите за Делчево

Иван Гоцевски остро го нападна Венко Филипче поради неговите изјави во кои, според него, со потценување биле спомнати граѓаните на Делчево во врска со земањето бугарски пасоши.

Гоцевски потсети дека Делчево е град што го носи името на Гоце Делчев и дека таму „живее горд македонски народ и секогаш бил на линија на македонските национални интереси“.

Барање за извинување и порака пред изборите

Во реакцијата Гоцевски побара од Филипче да се извини за навредите, нагласувајќи:

„Венко! Следниот пат кога ќе зборувате за Делчево треба да се извините наместо да се расфрлате со обвинувања кон чесниот народ“.

Тој го потсети и на претходните изјави и политики што, како што рече, го поткопале достоинството на граѓаните:

„Извинување за тоа што кажавте дека немало окупатори, туку администратоири, тоа што нема пршлен од кичмата кој не го свиткавте и предаство кое не го направивте! А, највеќе што народот го осиромнашивте и опљачкавте“.

На крајот Гоцевски порача дека граѓаните на следните избори ќе го дадат својот одговор и ќе донесат вистинска одлука за промени и иднина, завршувајќи со зборовите: „Многу наскоро, Венко!“.