Тендерите во 4 очи се синоним за СДС. Оние кои државата ја испокрадоа и градат облакодери по Дубаи, се дрзнаа да говорат за тендери, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во рекцијата на прес конференција СДСМ, Богданка Кузеска.
„Целиот мандат им помина во местење на тендери, правење на анекси и класифицирани договори, на Филипче, Заев и Груби.
Модуларната болница се случи поради криминал, трагедијата кај Ласкарци се случи поради корупција, Лотарија ја украдоа поради криминал, коли им купуваат фирми кои добиваат тендери“, потенцират во реакцијата.
И Македонија и Европа знае со какви луѓе си имаа работа. Луѓе кои ја распродадоа државата, ја украдоа и ставија пред банкрот и кои ја клекнаа на колена пред европските држави. Такви се луѓето од СДС и ДУИ. Синоним за криминал и корупција, додаваат од партијата во нивната реакција.