Жалиме што на овој начин мораме да реагираме, но мораме да ја констатираме неподготвеноста на одредени медиуми соодветно да ги проверат информациите кои се пласираат на социјалните мрежи, креирани во партиски кујни, и ги претставуваат како кредибилни, велат од Град Скопје.
-Вистината, доколку медиумите кои објавија за наводно пропаднат камион на плоштадот „Македонија“ се интересираа, е дека овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија“, ниту пак пропаднал во фонтаната.
Секој приод кон плоштадот „Македонија“ по последниот инцидент пред прославата за Нова Година кога пропадна комбе на странски државјанин во подземната фонтана, е забранет за возила и физички со поставени столбови е оневозможен.
Фонтаната на плоштадот „Македонија“ е оградена и обележана, и е оневозможен пристап за возила кои би можеле да поминат врз истата (фото во прилог од денешна ситуација).
Бараме сите медиуми кои го паднаа тестот за кредибилитет и објавија лажна вест без да ја проверат, да го објават овој демант и објаснување, се наведува во нивното соопштение.