Град Скопје формира 24-часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните.

– Од страна на Градот назначени се одговорни лица кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните, а дополнително се екипира и служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на градот, кои ќе делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, соопшти Град Скопје.

Ова, посочуваат, е едно од ветувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска како дел од проектите кои се спроведуваат уште во првите 82 дена од градоначалничкиот мандат.

– Овие проекти се дел од превземањето активности на овозможување ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе допринесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани, се наведува во соопштението.