На презентацијата ќе учествуваат градоначалникот Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенинкс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефанович и генералниот менаџер на РОМ Инженерство, Мош Хрш.
Проектот се реализира со кредит од 70 милиони евра обезбеден од Европската банка за обнова и развој.Новиот урбан транспортен систем предвидува воведување приоритетни автобуски коридори коишто ќе бидат наменети за енергетски ефикасни или хибридни автобуси, кои ќе обезбедат брз, удобен и економичен јавен превоз. Иновативните компоненти како што се наплата на билети на автоматски терминали, електронски билети и динамичка регулација на услугите, треба да го подигнат квалитетот на услугите на ново ниво, беше најавено при потпишувањето на договорот за кредитот.