Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград го најави свеченото отварање, предвидено за 30 октомври.
Во поканата стои дека клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, и да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.
Клубот „Никола Вапцаров“ основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон.
Настанот на кој се поканети премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадорите, медиумите од двете страни на границата, пријатели и гости од земјата и странство, е дозволен од градоначалникот на Благоевград.
Прославата на отварањето на клубот предвидено е да започне со поздрав кон присутните и осветување на просториите според христијанските обичаи, а потоа предвидени се обраќања од официјалните гости.
За крај е предвидено положување на цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата