Акцијата е дел од агендата на Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (WB GEFF), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност, при што засадени беа 50 дрвја од видот каталпа како израз на стремежите за позеленување на градот Скопје.
– Градот Скопје ќе се фокусира на поддршка на активности насочени кон заштита на животната средина кои имаат директно влијание врз создавањето подобра иднина. Со колективен напор, можеме да влијаеме и да се движиме кон зелената транзиција и да ја реализираме визијата за зголемување на еколошката свест додека едновремено овозможуваме креирање сеопфатен систем за заштита на животната средина. И денешниот настан е чекор кон подобрување на условите во соработка со партнерски организации со кои заедно ќе придонесеме Скопје да биде одржлив и еколошки чист град – рече денеска градоначалничката Арсовска.
Акцијата за засадување дрвја е симболична зелена активност во Скопје, за промоција на придонесот на партнерските организации во успехот на ГЕФФ Програмата во Македонија.
На настанот присуствуваа и Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во Македонија, евроамбасадорот Дејвир Гир, амбасадорот на Австрија Георг Воутсас, градоначалникот на општина Аеродром и претставниците на локалните банки партнери на оваа програма.