Градоначалниците на СДС како локални шерифи, тој во Крива Паланка нападнал полицаец и после вршел притисок да не биде пријавен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно насилството после корупцијата и криминалот е следното нешто кое најдобро го знаат функционерите од СДС. На 14.01.2023 година градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС нападнал полицаец пред сведоци без никаков повод и без никаква причина. Според сведоштвото на жртвата, градоначалникот од СДС бил во алкохолизирана состојба и со два шамари го нападнал на улица. Да биде уште потрагично, нападнатиот полицаец и неговото семејство сите овие денови биле под притисок да не го пријавуваат нападот и да се повлечат. Градоначалникот Митовски да има грам доблест ќе се извини, ќе си поднесе оставка и ќе ги сноси последиците. Вака Митовски покажува дека е човек кој ем силеџиски тероризира граѓани, ем после тоа кукавички врши притисоци да се забошоти овој скандал.

Самоволието и насилството на градоначалникот на СДС мора да биде казнето. Шерифлукот на функционерите од владејачката партија станува опасност по безбедноста на граѓаните. Очигледно колку повеќе чувствуваат дека им се ближи политичкиот крај, толку понервозни стануваат. Но треба да знаат дека власта на СДС и ДУИ, партизираните судии и обвинители нема вечно да ги штитат за криминалите и прекршувањата на законот кои ги прават. Граѓаните се охрабруваат и ниту им се плашат, ниту им молчат. Доаѓа времето за одговорност и народна казна, стои во соопштението.