-Во текот на вчерашниот ден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствуваше на отпочнување на проект за изградба на фекална канализација во должина од 1.100 метри во општина Кисела Вода, во населбата Драчево, со што се решава проблем на над 200 домаќинства. Изградбата на овој проект беше предизборно ветување на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ и обврска е во најбрз можен рок тој да биде реализиран, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните заслужуваат решавање на нивните проблеми. Тоа е само можно со активен пристап на градоначалниците, каков што имаат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се помеѓу граѓаните.

Проектите почнуваат. Создаваме нова иднина сега.