Добро денеска сме повторно еве на терен во Сопиште, како што кажавме во минатото почнуваме со акција на терен, промените се случуваат. Ние сме заедно со народот и заедно на терен да видиме што градат и што прават нашите градоначалници. Но и како пратеници да видиме кои се нивните маки, и потоа секако да можеме да со амандмани преку ребаланс на Буџет да можеме и да помагаме, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Денеска бевме во населеното место Ракотинци, каде што градоначалникот веќе спомена се гради канализација околу 3.000 метри и да го пофалам јавно и градоначалникот бидејќи во минатото ова го ветуваше, а денеска можеме да видиме дека се остварува на дело. Тука сме исто така на увид на втората градинка која што се гради во општината Сопиште за отприлика 80 – 90 дечиња каде што ќе можат да се сместат исто така е за поздрав и ќе денес ќе продолжиме понатаму со увид на изградбата на Домот на културата каде што исто така беше една од ветувањата на градоначалникот. Јас еве ќе потенцирам дека многу работи се ветија на овие локални избори, овој градоначалник постојано низ годините ветува, но со многу тешки финансиски проблеми можеме да видиме дека насекаде се гради има многу проекти. Да ги поздравам и советниците на ВМРО-ДПМНЕ и сите останати што даваат придонес во општина Сопиште да има проекти и тоа е за поздрав и ќе продолжиме вака на терен, вели Мисајловски.

Тој додава дека денеска тука заедно со нас се и пратениците Синиша Стојановски и Бети Стојчевска од ВМРО-ДПМНЕ за да разговараме за сите други теми кои што се поврзани за финансирање на проекти, за ребаланс на буџет итн за утре и ние како пратеници да помагаме.

-Но, целта на оваа акција е да бидеме тука на лице место со граѓаните и се разбира да алармираме ако е нешто потребно за плус проекти, зошто знаете проектите се за сите граѓани а ние одевме со мотото дека Македонија е за сите луѓе, вели Мисајловски.