Промените започнаа, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, за два месеца со десетина капитални проекти кои веќе се реализирани, нови градинки, нови училишта, нови улици и булевари, нови паркови и спортски игралишта.

Започна со решавање на еден од најгорчливите проблеми на граѓаните во секоја општина, запрената легализација на дивоградби од претходната локална власт. Изминатава недела само во општина Битола се потпишани над 1000 решенија за легализација.

Во општина Илинден во завршна фаза е изградбата на новото основно училиште, кое за 20тина дена ќе започне со работа. Општина Свети Николе ќе започне со изградба на нова градинка.

Започна реконструкцијата на основното училиште Кузман Јосифовски Питу во општина Кисела Вода, како и реконструкција на основното училиште Васил Главинов во Велес.

Во општина Бутел се поставено 40тина интерактивни табли во основните училишта, започна и со изградба на неколку спортски игралишта во училиштата.

Се поставуваат и нови сончеви колектори во основните училишта и градинките во општина Аеродром, нови фекални и атмосферски канализации во општините Гази Баба, Кисела Вода, Кочани, Велес, како и водоводни линии во Кочани, Свети Николе, Штип.

Општините во Градот Скопје, заедно со Градот Скопје исчистија над 120 диви депонии.

После неколку години, повторно во функција ќе биде ставен, а воедно и реконструиран планинарскиот дом Копанки, во општина Битола.

Започна со реализација на нов локален пат кои ќе ги поврзе општините Ново Село и Босилево.

Промените и реализацијата на програмата започнаа во општините кои ги предводат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се сведоци на новиот пристап кон функционирањето на општините.

Градоначалниците, како и советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ се во постојана комуникација со граѓаните, за да излезат во пресрет за нивните проблеми и проекти, се наведува во партиското соопштение..