Градоначалниците од СДСМ немаа проекти, не ги довршија ниту проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Реконструкцијата на стадионот во Битола е проект кој беше почнат од ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 5 години како централна власт и 4 години како локална власт да не го доврши, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ ја закочија и гасификацијата која не е мрдната од мртва точка, исто како и изградбата на автопатот Кичево Охрид, закочен е и Клиничкиот центар во Штип, нема работа која ова неспособна власт било на централно ниво, или на локално каде што градоначалниците се од СДСМ, а да е завршена.
Градоначалниците на СДСМ за 4 години не направија ништо, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ направија повеќе за 6 месеци отколку нивните претходници за 4 години.
Разликата во работа помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна и народот ја гледа, подвлекуваат од партијата.