Се детектираат проблемите за кои надлежен е градот.

На средба со жителите на сите месни заедници во Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојокоски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги детектираа проблемите кои се присутни и треба да се решат. За средбите, Стојкоски и Арсовска посочија дека ќе станат пракса, со цел решавање на проблемите.

-Со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, претставници на градските јавни претпријатија и претставници од урбаните и местни заедници од Ѓорче Петров на денешната средба во Центарот за култура ги детектиравме проблемите на моите сограѓани што се под ингеренции на Градот, со цел што поскоро решавање на истите.

Од страна на претставници на заедниците во Ѓорче Петров на Арсовска и службите им беа презентирани проблеми со акцент на градските улици, нивно уредување или пробивање, осветлувањето, водоснабдувањето, уличните кучиња, проблеми со броевите на куќите итн. Со градоначалничката се согласивме вакви координативни средби со Градот да станат пракса во иднина. Целта е да поставиме соодветни проекции и насоки, да се соочиме со предизвиците и активно да работиме на подобрување на секојдневнието на граѓаните”, вели Стојкоски.

Предлозите на граѓаните ќе бидат ставени на разгледување, за што Стојкоски додаде: Вложуваме максимални напори за што повеќе затворени прашања во иднина”.

-Месните и урбаните заедници во Ѓорче Петров се нефункционални во последните години што е одраз на несериозен пристап од страна на претходното локално раководство. Но, тоа е состојба која ја оставаме зад нас. Планиран е наскоро нов избор на раководни лица со што овие простории ќе станат филтер на информации и конечно ќе бидат во функција на граѓаните, додаде Стојкоски.