На состанокот се дискутираше околу тековната имплементација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа-коловоз на улицата „Сердарот”, кој е финансиран со средства од Вториот МСИП Проект, како и за можноста за понатамошна соработка, соопшти општинската прес-служба.
Градоначалникот Ѓорѓиевски го информира тимот на Светска банка за стратешките планови и приоритетни проекти кои се зацртани во неговата програма. Се дискутираше кои се потребите на општината и во кој дел може да се бара финансиска поддршка за реализација на покрупни проекти од интерес на граѓаните.
Средбата беше заокружена со заклучок дека успешната соработка со оваа институција ќе продолжи, се со цел, Општина Кисела Вода да има силен локален економски развој кој ќе донесе подобар живот на граѓаните.