Вчера беа приведени четири лица за вандализирањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград, кое се случи на 4 февруари. Во притвор се двајца мажи и две жени, сите вработени во Општина Благоевград, на возраст од околу 40 години
Двајца вработени во Општинското претпријатие „Озеленување“ на општина Благоевград и нивните сопруги се приведени вчера поради кршење на стаклото од просториите на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
Камењата биле фрлени во 21:40 часот во саботата, а двете семејства биле приведени вчера.
Градоначалникот Илко Стојанов коментира дека судот е надлежен орган кој може да се произнесе за кривичното дело, а тој како работодавец на двајцата вработени може да се произнесе само за Кодексот на работа.
„Доколку се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните, тоа значи дека ќе ги казнам оние што работат во општина Благоевград со точно иста казна како што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и други функционери во Република Северна Македонија кои предизвикаа ментално и физичко насилство врз многу Бугари. Во моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Северна Македонија кои ги малтретираа бугарските граѓани, веднаш ќе ги отпуштам вработените во ОП ‘Озеленување’ на Општина Благоевград“, рече градоначалникот Стојанов, пренесува 24часа.бг.
Како што веќе објавивме, вчера беа приведени четири лица за вандализирањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград, кое се случи на 4 февруари.
Во притвор се двајца мажи и две жени, сите од Благоевград, на возраст од околу 40 години. Засега не е јасно кои се мотивите за делото.