Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема да користи службен автомобил и се откажува од средствата за репрезентација, информираат од општината.
Како што пренесуваат, според најавата во предизборната кампања, ќе се води строга контрола на сите службени возила и нивната употреба ќе биде наменска, рационална и исклучиво во корист на граѓаните, а средствата од репрезентација ќе бидат пренаменети за реконструкција на образовни објекти и детски игралишта.
– Никој повеќе нема право да ги злоупотребува службените возила во приватни цели. Од денес, клучевите на сите службени возила ќе бидат под строга контрола и ќе се користат исклучиво во корист на граѓаните, доста беше од бесцелно трошење на парите на граѓаните, изјавил градоначалникот, пренесуваат од општината.