Градоначалникот на Лозово, А.В., во полиција пријавил загрозување на сигурноста во село Каратманово.

На 02.10.2021 околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалник на општина Лозово, пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во С. Каратманово тргнал кон него со метален предмет – соопштија од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.