Руската армија за два месеци во Мариупол уби двојно повеќе луѓе отколку германските нацисти за две години за време на Втората светска војна, тврди Градскиот совет на Мариупол.
„За две години нацистите убија 10.000 цивили во Мариупол, а руските окупатори за два месеци убија над 20.000 жители на Мариупол“, изјави градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко пренесува Си-ен-ен, наведувајќи дека овие тврдења не успеал да ги потврди.
Исто така според градскиот совет, Русија незаконски депортирала исто толку жители на Мариупол колку и војниците на Хитлер за време на годините на окупација.
„Ова е еден од најлошите геноциди во модерната историја извршени врз мирољубиви цивили“.
„Руската армија пука и безмилосно го десеткува нашиот град и неговите жители”, додаде Бојченко.