Градоначалникот Општина Новаци Љубе Кузмановски, кој заедно со општината е покровител на изборот за летен фолк-хит, завршниот настан од манифестацијата Културно-забавно лето, ги покани заинтересираните да го проследат фестивалот, на кој во општинскиот двор ќе настапат околу 20 познати музички имиња од домашната фолк сцена.

Да бидеме одговорни и совесни и да се заштитиме. Новите мерки за заштита ќе важат при одржувањето на фестивалот, а на редарската контрола ќе треба да и приложите задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, или потврда за прележан Ковид-19, првите 45 дена по прележувањето, објави Кузмановски на својата страница.