Градоначалникот на Студеничани Азем Садику кој функцијата ја освои како кандидат на ДПА се очекува да влезе во Алијанса за Албанците, јавува ТВ 21 повикувајќи се на неофицијални информации.
Садику во телефонски разговор за Телевизијата ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата. Рече дека без разговара со неговата структура во Студеничани не може да зборува за такво нешто.
Тој истакнал само дека АА многу му помогнала на локалните избори. Извори од Алијанса за ТВ21 велат дека се во преговори и оти во рок од два-три дена ова прашање ќе биде затворено.