Градот Скопје целосно ставен во служба на граѓаните – изготвени се 1032 решенија за данок на имот, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
-Во текот на денешниот ден потпишав вкупно 1.032 предмети од данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и решенија за комунална такса за фирмарина. Ова е јасен показател дека институциите работат со динамика која им доликува на граѓаните. Станува збор за предмети од сите правни основи, за кои отсега ќе стане пракса да се изработуваат со забрзано и уредно темпо, истакна тој.
Овие готови решенија во најкраток можен рок ќе бидат дистрибуирани до даночните обврзници.
-Од овој момент, ниту едно решение без правен спор нема да заглавува во административни лавиринти. Го враќаме редот, одговорноста и навременото постапување. Граѓаните мора да ги добиваат услугите тогаш кога им се потребни. Тоа е принцип од кој нема отстапување, исто како што беше ветено во мојата изборна програма. Правиме сериозни напори за зголемување на приходите на Градот, со цел навремено подмирување на обврските во интерес на сите граѓани. Апелираме до сите физички и правни лица да ги исполнуваат своите обврски кон Град Скопје навремено и одговорно, рече тој.
„Време е сите да дадеме свој придонес. Заедно, да го придвижиме Скопје напред“, порача Ѓорѓиевски.
