Денеска прославувавме 79 години слободно Скопје. „Градот убав“ пак се изгради и никна, но можеби и не баш како што очекуваа многумина. За оваа тема своја објава напиша и инфлуенсерот Никола Николовски – Боемот, кој поентира дека Скопје се сака со дела и со фрлање на отпадоците во канта.
Неговата објава ја пренесуваме во продолжение:
Денеска славиме 79 години слободно Скопје. На овој ден, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје. 79 години не биле така далеку, нашите прадедовци со својата крв се жртвувале за слободата која ја живееме денес.
Тогаш начинот на дејствување за слобода бил различен, но целта е иста – слобода. Земјотресите, поплавите, пожарите и се’ останато што му наштетило на Скопје се само дополнителен мотив да го направиме градот уште поубав и да си го чуваме.
„Градот убав“ веќе никна. Можеби и не како што очекуваа многумина, но тоа е друга и опширна тема. Но, во секој случај ќе завршам со добро познатите скопски стихови: 🎶 Скопје радост ти ќе бидеш 🎶
Боемот 2.0
P.s. Ги замолувам сите бабуши, фуфици, прогресивци, боеми и сите останати скопјани да го сакаат Скопје со дела, пример отпадоците да ги фрлаат во канта, а не само на зборови и Insta story да пишуваат ,,Скопјенце најсакано”. За наше добро 😎
View this post on Instagram