Град Скопје денеска соопшти дека граѓаните и правните лица должат повеќе од 36 милиони евра по основ на даноци и такси. Тие ги повикуваат сите обврзници што не ги подмириле своите давачки да го сторат тоа во најкус можен рок.
Според градската администрација, неплатени остануваат обврски за данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок. Исто така, има и комунална такса-фирмарина. Увид во долгот и електронска наплата може да се изврши преку онлајн-платформата на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.
Објавени се и контактите за дополнителни информации.
За данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546, како и е-маил адресите anitan@skopje.gov.mk и nuredin.nuredin@skopje.gov.mk.
За данок на промет, наследство и подарок: 02/3297-298 и 02/3297-296, и е-маил biljana.manakoska@skopje.gov.mk.
За комунална такса-фирмарина: 02/3297-314 и е-маил angelina.gievska@skopje.gov.mk.
За даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, и е-маил katerina.donev@skopje.gov.mk.
Градот нагласува дека уплатите може да се извршат и на неговите шалтери. Тие работат од понеделник до петок од 8 до 19 часот, како и во сабота, на 13 декември.
