Бојкот на маркетите поради високите цени

За утре е најавен бојкотот во маркетите. Кај дел од граѓаните револт, а дел се скептични дека бојкотот на маркетите нешто може да смени. Мака на граѓаните се цените во маркетите. Но, дали бојкотот почна уште денеска? Некои од граѓаните се жалат дека цените се високи, видеото може да го погледнете ТУКА.

Дали најавениот бојкот ќе смени нешто?

Друг дел од граѓаните со забелешки на сметка на граѓаните. Сметаат дека бојкотот ништо нема да смени и ќе направи само полошо, односно гужви денеска и во сабота. Некои пак, упатуваат забелешки на сметка на ваквиот бојкот со сомнеж дека зад истиот стои странски ланец на маркети. За ваквите сомнежи зборувавме и на нашата емисија „Утринско еспресо на Радио Лидер“. За сите наши емисии може да се преплатите и да ги следите ТУКА.

Неизвесност и за пазарџиите

Изгледа дека петочниот бојкот на маркетите, кој добива поддршка на социјалните мрежи, носи неизвесност и за пазарџиите. Иако производителите и препродавачите тврдат дека нема да ги зголемат цените, граѓаните се скептични и сметаат дека ситуацијата ќе покаже дали и на пазарите „се користи моментот за заработка“.

Мицкоски со критики до трговците: Најавени итни контроли

Што се случува?

  • Бојкотот на маркетите е инициран поради незадоволството од високите цени.
  • На социјалните мрежи кружи и повик да не се посетуваат кафулиња и ресторани, што може дополнително да ја намали потрошувачката во петок.
  • Пазарџиите се загрижени дали граѓаните воопшто ќе дојдат на пазар тој ден.

Клучно прашање: Дали навистина нема да има поскапување, или ќе се покаже спротивното? Последниот ден од јануари ќе даде одговор.