Пред македонската Амбасада во Софија граѓани положија цвеќе во знак на сочувство за загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа што се случи синоќа во Бугарија, во којашто загинаа најмалку 45 лица, јави дописникот на МИА од Софија.
Младите девојки, коишто го положија цвеќето, не сакаа да ги кажат своите имиња, само рекоа дека тоа го прават заради сочувство бидејќи знаат колкава е тагата на семејствата на загинатите во несреќата.