Иако првично беа упатувани апели да се заменат документите до средината на февруари, личните карти со „Република Македонија“ чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12 февруари, бидеќи Законот за личната карта се уште не е изменет.  Но, и покрај тоа милиони евра се слеале досега од џебот на граѓаните во државниот буџет поради замена на личните карти со новото име на државата, пишува Дојче веле.

Иако не се стапени во сила, граѓаните во периодот од јули 2021 година, па до крајот на 2023 година поитале да извршат замена на 1.007.885 лични карти на коишто стои името „Република Македонија“.

Само од почетокот на годината се издадени над 75 илјади нови лични карти, со што вкупниот број на издадени лични карти со новото уставно име е 1.083.048, покажува статистиката на МВР.

Ако се има предвид дека замена на лична карта со новото име на државата чини 310 денари по редовна постапка, проценките се дека само од замената на документите за внатрешна употреба се слеале нас пет милиони евра во буџетот.

Народниот правобранител, Насер Зибери и дел од партиите во повеќе наврати укажуваа дека трошоците за обновување на исправите за сите граѓани кои поднеле барање за нови исправи, а дадени им се исправи со стариот образец, со името Република Македонија, по стапувањето на сила на измените на Уставот, треба да ги сноси државата.

Целиот текст овде.