Во Звечан, Лепосавиќ и Зубин поток утрово почна собир на граѓани кои протестираат поради присуството на приштинската специјална полиција на северот на Косово, јави „Танјуг“.
Граѓаните бараат специјалната полиција веднаш да го напушти северот на покраината и градоначалниците Албанци, избрани на избори на кои не учествуваа Србите, да не влегуваат во зградите на српските општини.
Поради ситуацијата на северот на Косово откажани се активностите планирани за денеска во рамки на меѓународната воена вежба „Бранител на Европа 2023“, јави „Б92“
Вчера во Звечан дојде до конфликт меѓу граѓаните и припадници на КФОР и косовската полиција. Беа фрлени солзавец и шок бомби врз граѓаните, кои маваа со камења и шишиња врзприпадниците на КФОР и косовската полиција. Во инцидентот се повредени над дваесет припадници на КФОР и педесетина граѓани.
Според информациите од косовските и српските медиуми, косовската полиција пукала во граѓаните со огнено оружје, повредени се тројца граѓани, а за еден лекарите се борат да му го спасат животот.