Се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат амбасадата на Македонија, пишува во повикот од Министерството за надворешни работи, пренесува 360stepeni.mk.

Граѓаните на Македонија да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија, особено оние што се наоѓаат покрај реките, повика Министерството за надворешни работи (МНР).

По катастрофалното невреме кое ја зафати Словенија и големите поплави низ државата, во соопштението од МНР упатено до наши граѓани информираат дека затворени се голем број патишта и автопатишта низ цела земја.

„Ги повикуваме сите граѓани на Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни. Воедно се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат Амбасадата на  Македонија во Љубљана“, велат од МНР.

Телефонските броеви на кои може да се контактира амбасадата во Словенија се: +386 1 421 00 21; и +386 41 544 222.

Достапна е и следната е-пошта адреса: ljubljana@mfa.gov.mk.

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството во Скопје на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-пошта адреса: globalsos@mfa.gov.mk.