Прв пат оваа година граѓаните кои сакаат да ја примат вакцината против сезонскиот грип се пријавуваат на страницата vakcinacija.mk, за разлика од изминатите години, кога тоа го правеа матичните лекари, иако овие вакцини во нашава земја се уште не се пристигнати. Од Министерството за здравство посочуваат дека секаде во светот побарувачката за вакцини против сезонската инфекција е зголемена, заради што дозите уште не се пристигнати во Македонија. Инаку, и оваа година станува збро за 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за ризични групи граѓани, а центрите за јавно здравје набавуваат комерцијални вакцини за останатите граѓани не припаѓаат во некоја од ризичните групи, а кои сакаат да се заштитат од грипот. Овие вакцини се плаќаат, лани цената беше 600 денари.

Во поликлиниките на Здравствен дом-Скопје ќе бидат аплицирани вакцините на граѓаните кои се постари од 65 години, хроничните болни, здравствени работници, бремени жени, децата на возраст од шест месеци до пет години и оваа вакцина за нив е бесплатна.

Директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р Виктор Исјановски појасни дека откако ќе стигнат вакцините, ќе се следат упатствата на Министерството за здравство и Комитетот за имунизација, со цел да се обезбеди простор и кадар кој ќе аплицира и вакцини против сезонски грип.

-Само во две поликлиники не вакцинирами против Ковид-19, тоа е Бит Пазар, од каде се тимовите кои ја спроведуваат теренската вакцинација и во Идадија. Дали тука ќе се аплицираат вакцините против грип, дали ќе биде побарано да бидат остранети некои пунктови каде се стваат авкцините против корона вирусот ќе видиме. На пример, во поликлиниката Ѓорче Петров вакцинираме само прва смена, можеби втрора смена ќе биде воведена за вакцинација против сезонскиот грип. Ќе видиме. Чекаме вакцините да стигнат. Лани речиси 90 отсто беа дистрибуирани во поликлиниките на Здравствениот дом и ниту една вакцина не беше фрлена. Сите се потрошија, вели д-р Исјановски.

Посебно потенцира дека сосема безбедна е вакцинацијата и против ковид и против грип доколку се случи некои од граѓаните да сака истовремено да се вакцинира против двете инфекции, бидејќи како што нагласи, вакцината против сезонскиот грио не штити и против ковид, но вели дека е исклучително о услови на пандемијата и влијанието на здравствениот систем.

Д-р Исјановски исто така нагласува дека и лани вакцинацијата против сезонскиот грип се спроведуваше во ноември и декември и според него воопшто не е доцна, бидејќи искуствата од изминатите години покажуваат инфекцијата на грип најмногу се разгорува во февруари.

-Има сосема доволен период граѓаните кои ќе се вакцинираат во ноември и декември да создадат имунитет против сезонскиот грип кога тој е најактивен, а тоа е во февруари. Тогаш всушност има најголем број разболени од грип. Ланската година немаше случаи на сезонската инфекција, но на сила беа рестриктивните мерки, седевме дома повеќе. Ќе видиме како ќе биде оваа година, вели д-р Исјановски.