Македонија се движи во погрешна насока сметаат повеќе од половина од граѓаните.
Имено, 56 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, покажува најновата анкета спроведена од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од 8 април до 4 мај годинава.
На прашањето дали Македонија се движи во добра или во погрешна насока, дури 4 пати повеќе односно 56 проценти од испитаниците сметаат дека државата со владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се движи во погрешна насока, додека пак само 14 проценти сметаат дека се движи во добра насока.
Анкетата покажува кој според граѓаните е најважен проблем со кој се соочува Македонија. На прашањето кој според вас е најважниот прв и втор проблем со кои се соочува Република Македонија денеска, дури 15 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека прв најважен проблем со кои се соочува државата е економската ситуација. Веднаш потоа, како втор најважен проблем кој го посочуваат граѓаните во анкетата на ИРИ или дури 13 проценти од граѓаните сметаат дека тоа е сиромаштијата, нискиот животен стандард како и проблемите на обичните граѓани, додека пак 11 проценти од граѓаните сметаат дека високите цени се вториот најважен проблем.